Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Италија

Скопје, 5 ноември 2019 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе биде пречека со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот Дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Ликери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучано Д'Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамки на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе