Претставен Audi TT RS 40 Years of Quattro, чини 114.040 евра
Audi за германскиот пазар го претстави специјалното издание на Audi TT за 40. годишница од постоењето за легендарниот модел Ur-Quattro.
На Саемот за автомобили во Женева во 1980 година Audi го претстави моделот Quattro кој беше прв од низата на модели со високи перформанси.
Овој модел е произведен во само 40 примероци. Автомобилот го придвижува 5-цилиндричен мотор со турбо полњач кој развива 394 коњски сили и 480 Nm максимален вртежен момент. 2,5-литарскиот TFSI мотор од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,7 секунди и достигнува максимална брзина од 280 км/ч.
Основниот TT RS Coupe чини 66.550 евра во Германија, а специјалниот модел дури 114.040 евра.