Ravn X е најголемиот дрон во светот, со импресивни можности.

Дронот е висок 5,4 метри, а долг 24,3 метри, поради овие димензии се смета за најголемото беспилотно летало во светот.
Ravn X е производ на компанијата Aevum и тежок е скоро 25 тони. Развиен е сосема самостојно да лета и да исфрла ракети во воздух кои потоа лансираат сателити во орбитата. Дронот може оваа функција да ја извршува на секои 180 минути.
Предноста на дронот е што може да полета и да слета на која било писта долга барем 1,6 км.
Кога ќе достигне одредена брзина, висина и локација, испушта ракета која потоа лансира товар тежок до 100 кг во орбита на Земјата. Компанијата има договор со Американските воздухопловни сили за лансирање експериментални сателити задолжени за откривање непријателски лансирања.