Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер „ЈАКО“ денес го промовираа новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

„Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите“, е оценката на ФФМ за дизајнот на новиот дрес.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост. Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

„Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи“, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Новиот дрес на македонската репрезентација, фудбалерите ќе го носат на првиот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2024 против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ на 23 март во Скопје.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Фудбал

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Read more

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Read more

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Read more

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе

Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на Вембли во септември

Читај повеќе