Претставен првиот македонски електричен автомобил

Скопје, 6 февруари 2019 (МИА) – Првиот македонски електричен автомобил развиен од тимот на „ББ Класик Карс“ со кодно име „ЗАС Г20“ денеска беше претставен пред домашната јавност.

„ЗАС Г20“  претставува проект реализиран од страна на тимот на „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, а е насловен „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор“  .

Претставникот од „ББ Класик Карс“, Ален Јегени, нагласи дека возилото има нулта емисија на јаглероден диоксид, досег со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина до 130 километри на час.

-Шасијата и дел од опремата на ЗАС се преземени од некогаш популарното „фиќо“. Времето на полнење изнесува три-пет часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути, нагласи Јегени.

Тој рече дека електричното возило ЗАС може да се модифицира врз неколку модели: G20 – класично градско возило, TC20 – градско возило со спортски изглед, TCR20 – спортско возило за град, TCR50 – спортско возило за натпревари и дека времето за испорака е околу два месеци од дефинирањето на нарачката.

Меѓу предностите на електричните возила се екологијата и зачувувањето на животната средина, а и видни се и можностите за поголемо искористување на обновливите извори на енергија, независноста од фосилните горива, стабилноста на електро-енергетската мрежа, ниската бучава и малите трошоци за одржување.

Јован Петроски од тимот за развивање на „ЗАС Г20“ ги напомена придобивките на електричните мотори, како што се: економичноста, аерозагадувањето и големата издржливост.

Атанас Ивановски од германската фабрика „Кеслер“ изјави дека е изненадување тоа што во една мала земја, како што е Македонија, да доаѓаат вакви идеи и новативни решенија.

-„Кеслер“ одлучи во Македонија да отвори компанија за производство за компоненти за електрични мотори. Овој проект е плод на заедничката соработка со „ББ Класик Карс“ и еден од производите што „Кеслер“ ги има во своето портфолио на електро-мобилност, рече Ивановски

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе