Авто новости

Претставена луксузната јахта на Mercedes-Benz, што само 10 луѓе ќе може да ја купат

3. октомври 2016 - 9:30 | И.М.

Mercedes-Benz е познат по луксузните автомобили, но компанијата е производителот зад една од најлуксузните јахти во светот, што беше претставена на саемот за јахти Монако.

Јахтата наречена Arrow460-Grandturismo е елегантен модел чиј концепт беше претставен во 2012-та година, а сега стана реалност. Oваа јахта е наречена и „Silver Arrow of the Seas", по тркачкиот автомобил на компанијата, „Silver Arrow“, креиран во 30-тите години на минатиот век.

Во однос на перформансите, јахтата може да патува со максимална брзина од 40 јазли, односно околу 74 километри на час.

 

Во внатрешноста на јахтата има елементи што може да се очекуваат од производ со придавката „луксузно“: Вграден клима уред, машина за мраз, музички систем, мини визба за вино и елегантен ентериер.

Страничните прозорци на јахтата долга 15 метри може да бидат спуштени, за да може патниците да уживаат во околината.

Arrow460-Grandturismo е ексклузивна јахта, од чиј модел ќе бидат произведени само 10 примероци. Цената изнесува околу 1,7 милиони долари.

 

Коментирај