Претставена наградата „Драги“ за најдобар превод

Синоќа во 20:30 часот во кино „Фросина“ беше претставена наградата „Драги“ за најдобар превод.

Драги Михајловски (1951-2022) беше македонски писател, есеист, преведувач и универзитетски професор. Автор е на култни и наградувани книжевни дела. Ќе остане запаметен по импозантните 110 000 препеани стихови: 37 драми и 154 сонети на Шекспир, дела од Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Неговата преведувачка дејност е одразена и преку образовниот аспект на Филолошкиот факултет, каде што неговите предавања се омилени меѓу студентите и се издигнуваат до ниво наречено „преведувачка школа на Драги“.

Во таа чест и наградата за најдобар превод ќе го носи неговото име, а првото почесно признание постхумно ќе биде доделено токму на Драги Михајловски, велат од издавачката куќа „Антолог“.

Наградата официјално ќе се доделува од 2023 година на годишно ниво на конкурс на кој ќе може да учествуваат сите издавачки куќи и преведувачи со веќе објавен превод. Жири комисија составена од реномирани книжевници ќе одбираат дело што ќе се одликува со врвни и специфични преведувачки знаење и вештина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе