Претставена Supreme верзија на јапонскиот супербрз воз
Јапонија претстави прототип верзија на нивниот супербрз воз, наречена Supreme, која треба да дебитира на железничките пруги во 2020 година, пред Летните олимписки игри кои се одржуваат во Токио.
Новата верзија N700S, за разлика од старата, има поостар преден дел, штекери на секое седиште и значително поголем простор за рачниот багаж. Возот ќе патува по Токаидо Шинкансен пругата, која ги спојува Токио и Шин-Осака. Сите возови од оваа серија ќе бидат означени со златна буква „Ѕ“, што означува Supreme.
Новата верзија на возот ќе биде составена од две локомотиви и 14 вагони, а ќе може да пренесува до 1.323 патници одеднаш. Максималната брзина на возот е 285 км/ч на Токаидо Шикансен пругата, и 300 км/ч на Санјо Шикансен пругата.