Претставени пет пакети за трансфер на вработените од јавен во приватен сектор

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција ги претстави петте механизми, предлог-пакети за кои денеска разговарале со претставниците на Стопанските комори и Синдикатите за трансфер на дел од вработените од јавен во приватен сектор, под одредени услови.

 

– Едниот предлог е трансфер на вработените од јавен во приватен сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите за тој соодветен вработен. Пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, согласно потребите кои би ни ги доставиле претставниците на приватниот сектор, на Стопанските коморите, но и од Агенцијата за вработување. Преквалификација согласно она што е потребата на пазарот на трудот во приватниот сектор и трошокот за оваа преквалификација да биде на страна на државата, рече Манчевски.

Третиот пакет за кој се разговарало е отпремнина. 

– По своја волја, вработени кои сакаат да го напуштат јавниот сектор да понудиме одредена атрактивна отпремнина со цел тие своеволно евентуално го напуштат јавниот сектор. Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби. Дел од функционалните анализи не се да покажат само вишоци, туку и одредени недостатоци на кадар што ги имаме, рече Манчевски.

Посочи дека имаат идентификувано недостиг на одредени кадри и најави дека ќе се обидат со преквалификација и со внатрешна реорганизација да ги пополнат овие  недостатоци.

Министерот Манчевски информира дека дискутирале и за некој друг вид јавно-приватни партнерстви, кои доаѓаат како предлог од другите партнери во овој дијалог и треба дополнително да се доразработи.

– Она што денеска беше заклучено е дека треба да продолжиме со разговорите. Ние целосно да ги вклучиме и да ги презентираме резултатите од функционалните анализи во моментот кога ќе ги собереме сите, од сите 1.300 институции. Ќе бидат презентирани на претставниците на Синдикатите и на Стопанските комори. Од нивна страна ги побаравме и договоривме одредени конкретни рокови, да достават во вид на конкретни анализи за потребите на пазарот на трудот во приватниот сектор со што би можеле да влеземе и со една понуда кон вработените во јавниот сектор се со цел да се зголеми ефикасноста на јавниот сектор, вели Манчевски. Додаде дека во следниот период се отворени за разговори и за дополнителни предлози кои може да дојдат од било која страна.

Тој изрази надеж дека за околу еден месец од сега ќе може да разговараат за конкретни резултати од овие анализи, кои би биле презентирани пред заинтересираните страни и јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање, Манчевски рече дека се можни измени на закони и подзаконски акти.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе