Претставени Redmi Note 11, Note 11 Pro и Note 11 Pro+ во Кина

Xiaomi ја претстави серијата Redmi Note 11 пред домашниот пазар во Кина, а која се состои од три нови уреди.

Серијата Redmi Note 11 ја наследува серијата Note 10 и се состои од моделите Redmi Note 11, Note 11 Pro и Note 11 Pro+.

Redmi Note 11 располага со 6,6-инчен FHD + LCD екран со стапка на освежување од 90 Hz, кој има перфориран исечок за предната камера. Назад се наоѓаат две камери: главна од 50 и секундарна претставена со сензор за длабочина од 8 MP за портрети. Напред се наоѓа камера од 16 MP дизајнирана да прави селфи фотографии и да остварува видео повици. Уредот користи оперативен систем Android 11 со MIUI 12.5 skin, поддржува 5G мрежа, Bluetooth 5.0, а има и USB порта Тип-C. Сензорот за отпечатоци е поставен на страна. Уредот се напојува со процесор MediaTek Dimensity 810 со графички процесор Mali-G67 за игри, а неговите димензии се 163,56 x 75,78 x 8,75 mm. Тежи 195 грама и се напојува преку батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 33 W. Достапен е во четири верзии кога се во прашање спецификациите: 4 GB RAM / 64 GB внатрешна меморија, 6 GB RAM / 128 GB внатрешна меморија, 8 GB RAM / 128 GB внатрешна меморија и 8 GB RAM / 256 GB внатрешна меморија.

Redmi Note 11 Pro доби 6,67-инчен FHD + AMOLED екран во формат 20:9, стапка на освежување од 120 Hz со технологија HDR10 + и централно поставен перфориран исечок за селфи камера од 13 MP. Во срцето на уредот е процесорот MediaTek Dimensity 920 поврзан со графичкиот процесор Mali-G68 MC4 и до 8 GB LPDDR4x RAM и 128 GB внатрешна меморија UFS 3.1. Користи оперативен систем Android 11 со интерфејс MIUI 12.5. Назад има три камери, главната од 108 MP (сензор HM2 на Samsung), ултра широката од 8 MP и сензорот за длабочина од 2 MP. Одличен звук обезбедуваат JBL звучниците со поддршка за Dolby Atmos, а во екранот е интегриран и сензор за отпечатоци. Смартфонот доби метална рамка, како и батерија од 5.160 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W. Поддржува Wi-Fi 6, Bluetooth 5.2, 5G мрежа и има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

Redmi Note 11 Pro+ е најдобриот модел, го има споменатиот AMOLED екран од 6,67 инчи со стапка на освежување од 120 Hz, заштитен е со стакло Corning Gorilla Glass Victus, а екранот има перфориран исечок за селфи камера од 16 MP. Назад има три камери: главна од 108, ултра широка од 8 и сензор за длабочина од 2 MP. Напојувањето го обезбедува батерија од 4.500 mAh која поддржува полнење од 120 W и може да се наполни од 0 до 100% за помалку од 15 минути. Поддржува 5G, 4G LTE, двобенд Wi-Fi, Bluetooth 5.1, GPS, NFC и има приклучок за USB Тип-C. Се напојува со процесор MediaTek Dimensity 1200 AI и има до 8 GB LPDDR4x RAM и 256 GB внатрешна меморија UFS 3.1 што може да се прошири со помош на microSD картичка. Сензорот за отпечатоци е интегриран во екранот, а тука се и JBL звучниците со поддршка за Dolby Atmos и многу повеќе.

Remote video URL
Тагови
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Мобилни

Илон Маск како инспирација: Претставен iPhone од стопен дел на Tesla автомобил

Read more

Samsung прекинува со производство на Galaxy Note 20

Read more

Како да препознаете дека мобилниот ви е хакиран?

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот OnePlus 10 Pro

Read more
 

Гик

Првиот човек на Twitter поднесе оставка

Читај повеќе

Зошто древните народи намерно ги деформирале своите черепи?

Читај повеќе

Чудните сигнали од Венера можеби се резултат на вулканска активност

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск како инспирација: Претставен iPhone од стопен дел на Tesla автомобил

Читај повеќе

Решена мистеријата за напредната кинеска цивилизација која исчезнала пред 4.000 години

Читај повеќе

Исланд ја гради првата подземна опсерваторија на магма во светот

Читај повеќе

Конечно е „уловена“ мистериозната „невидлива честичка“

Читај повеќе

Xiaomi годишно ќе произведува 300.000 електрични автомобили

Читај повеќе

Samsung прекинува со производство на Galaxy Note 20

Читај повеќе