Свет

Претставничкиот дом со гласање го спречи Трамп да почне војна со Иран

13. јули 2019 - 9:28 | МИА

Вашингтон, 12 јули 2019 (МИА) – Претставничкиот дом на САД денеска гласаше со цел да го спречи претседателот Доналд Трамп да почне војна со Иран, освен во случај на самоодбрана.

Според најновата одредба, на Трамп му е потребно одобрување од законодавците во случај да планира да нареди воена акција против Иран.

Сѐ уште не е познато дали конкретните санкции кон Иран ќе бидат вклучени во конечниот закон што се договара помеѓу Претставничкиот дом и Сенатот.

Трамп минатиот месец изјави дека и понатаму размислува за воена акција против Иран откако претходно ја отповика одлуката за напад поради соборување на американско беспилотно летало.

Коментирај