Официјален претставник на ЕМА потврди дека има поврзаност меѓу вакцината на AstraZeneca и случаите со тромбоза, објави AFP.
„Според мое мислење, јасно е дека има поврзаност со вакцината и случаите со тромбоза. Но, не знаеме што предизвикува таква реакција, изјави Марко Кавалери за италијанскиот весник ll Messaggero.
„Во наредните неколку часа ќе излеземе со став дека постои врска, но сè уште истражуваме. Меѓу вакцинирате има повеќе случаи на тромбоза меѓу младите отколку што е очекувано, а тоа мора да се испита“, рече Кавалери.
Според информации објавени во неколку медиуми, Европската агенција за лекови, ЕМА, би требало да се произнесе за поврзаноста помеѓу вакцината AstraZeneca и згрутчувањето на крвта в среда или четврток.
Комитетот за безбедноста на агенцијата сѐ уште истражува и анализира и засега не е постигнат конечен став, но оттаму велат дека во среда или четврток може да се очекува заклучна експертска одлука на оваа тема.
Во меѓувреме бројни земји во ЕУ ја суспендираа вакцинацијата со AstraZeneca за лица под 55-годишна возраст.