Превој Ѓавато - симбол на македонската некултура

Некогаш убавото место за пауза помеѓу Битола и Преспа, каде што патниците се разладувале со ладна и чиста изворска вода, денес плива во ѓубре, а никој не мрда со прст за да се исчисти.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Превојот Ѓавато се наоѓа на патот од Битола до Преспанското Езеро. Крај преполн со зеленило, мелем за очи кои ги исполнува зелената боја која ве одмора додека возите. Именуван е по истоименото село кое се наоѓа во близина. Овој превој ги раздвојува Преспанската Котлина на запад и котлината Пелагонија на исток, а ги поврзува планините Бигла на север и Баба на југ.

Некаде по пат на превојот се наоѓа и место за одмор со чешма од која тече изворска вода. Се наоѓа од страната кога од Преспа одите кон Битола. Денес од неколкуте чешми работи само една. Водата сѐ уште е чиста, но додека дојдете до неа треба да минете низ една страшно неубава глетка.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Местото за паркинг буквално плива во ѓубре. Луѓето кои застанувале за да се освежат со чистата природна вода, наместо благодарност оставиле купишта смет. Пред чешмата стои стара табла која ги опоменува патниците да не фрлаат ѓубре. Како од инает веројатно фрлале што повеќе можат.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Селото Ѓавато ѝ припаѓа на Општина Битола. Веројатно и превојот е под истата општина. Но, сосем небитно е дали е под Општина Битола или Општина Ресен, она што е загрижува е што никој од одговорните лица не презел нешто за ова место да се среди. Потребно е убаво чистење и собирање на сиот смет.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

А, она што уште повеќе загрижува од неодговорноста на општинските власти, е огромната некултурна свест на македонскиот народ, бидејќи сето тоа ѓубре е токму наш производ, наше благодарам кон убавата природа.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Има само една канта за ѓубре, кој е преполна бидејќи очигледно нередовно се празни. Но, тоа не е изговор за да се фрла ѓубрето околу неа. Ѓубрето ставено во кеса може да се земе со себе, в кола, па да се фрли во првиот нареден контејнер. Но, за македонскиот народ тоа е многу комплицирано. Полесно е да се остави до преполната канта. Или, пак, фраерски да се фрли во зеленилото, ни близу до кантата.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Се ближат локални избори, па можеби некому ќе му текне да подзачисти и на превојот Ѓавато. Само, да не остане на чистење еднаш во четири години...

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Теми и коментари

Да им се фатите на младите

Read more

Скопје, разбуди се, денеска е Светскиот ден без автомобили

Read more

Росица, извини

Read more

Зошто уште мислиме дека тревата е позелена кај комшијата?

Read more
 

Ново

Дали е штетно за децата да веруваат во Дедо Мраз?

Читај повеќе
Рецепт за домашна пилешка супа со зеленчук

Рецепт на денот: Домашна пилешка супа со зеленчук

Читај повеќе
  • filter

16 ноември 1945, нацистичките научници се преселиле во САД

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

„Вечност“ на Стефанија Насеска Попадинец – кога историјата дише преку модата

Читај повеќе
  • play_arrow

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Читај повеќе

Лекарите предупредуваат на една лоша попладневна навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Првпат снимена супернова како пробива низ ѕвезда

Читај повеќе

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе