Презакажана седницата за уставните измени

Скопје, 19 октомври 2018 (МИА) – Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, а причина за тоа најверојатно се разговори за обезбедување двотретинско мнозинство меѓу владејачките партии и опозицијата.

Од Собранието официјално велат дека причина за одложување на почетокот на седницата е пратениците да се соберат во салата, но не се потврдува сеуште информацијата дали се во тек разговори меѓу пратениците или станува збор за нешто друго.

Она што официјално се знае е дека во собраниската зграда е присутен речиси целиот собраниски состав со исклучок на еден или двајца пратеници, вклучувајќи ги и Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои беа ослободени од домашен притвор.

Во собраниската зграда дојде и премиерот Зоран Заев, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој истовремено е и пратеник.

Дел од медиумите објавуваат неофицијални информации дека е обезбедено двотретинско мнозинство односно гласови од 80 пратеници за пристапување кон уставни измени согласно Договорот од Преспа со кој се предвидува менување на уставното име.

Седницата беше закажана за 12 часот, а по чекање од час и половина одложена за 15 часот. Во салата за пленарни седници почетокот на седницата го чекаа пратениците од СДСМ, дел од пратениците од ДУИ и нивните коалициски партнери, додека нивните колеги од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери беа во ходникот пред салата Македонија каде се одржуваат седниците.

Исходот од денешната седница го очекуваат и бројни новинарски екипи, а зголемено е и присуството на припадници на полицијата во и надвор од објектот на Собранието.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе