Бизарен инцидент се случил во грчкиот град Анависос на Атика за време на снимањето на еротски филм на плажа.
Имено, главниот актер бил каснат на задникот од желка и снимањето морало да се прекине.
Како што изјави за грчката телевизија MEGA, овој актер и инструктор по нуркање, кој се претставил само како Нектариос, сѐ се случило „со брзина на светлината“.
„Снимавме една од главните сцени веднаш до морето, кога слушнав необичен звук. Продолжи, па решив да проверам за што се работи. Како инструктор по нуркање, претпоставував дека некое животно е во неволја". изјави Нектариос.
Објасни дека потоа решил да провери што се случува.
„Се испостави дека е желка, бараше помош бидејќи се заплеткала во јаже. Пријдов и успеав да ја ослободам“, изјави Нектариос.
„Знаев дека е исплашена, ја придржував додека пливаше, безброј пати имам пливано покрај нив. А потоа, додека поминував пред неа, ме гризна за задникот. Не беше силно гризење, но бидејќи почнав да крварам, моравме да престанеме да снимаме“, актерот го објасни моментот за кој се распишуваа грчките и светските медиуми.
„Сум слушнал и за други инциденти, посериозни од мојот. Добро е што има толку многу активен морски живот, но ако само пливаш и едно од животните те нападне, тоа е веќе проблем“, рече Нектариос.
„Настрадав затоа што сакав да направам добро дело, а на крајот на краиштата, не би советувал никого да го прави тоа што јас го направив. Најмудрото и најправилно е да се јавите на експерт“, заклучи актерот.