Здравје

Причина повеќе зошто да уживате во кафето

13. декември 2018 - 13:03 | Б.С.Б.

Освен што го подобрува расположението, помага наутро да се расониме и слично, кафето има низа други позитивни ефекти по нашето здравје.

Досегашните истражувања покажале дека кафето помага подолго да живееме, го намалува ризикот на заболување од дијабетес тип 2 и цироза. Но, најновите истражувања покажуваат дека кафето исто така, спречува заболување од Паркинсова болест и деменција.

Научници од Универзитетот во Њу Џерси откриле дека одредена супстанција во кафето, заедно со кофеинот, спречува заболување од Паркинсова болест и деменција. Станува збор за две супстанции, кофеин и ЕХТ, кои спречуваат таложење на токсичен протеин наречен алфасинуклеин.

Тестирања на глувци кои биле генетски изложени на ризици од двете болести,  покажале дека кофеинот го забавил таложењето на токсичниот протеин во период од 6 месеци. Сега, научниците се надеваат дека комбинацијата од кофеин и ЕХТ може да се претвори во лек кој кај луѓето ќе го намали ризикот од заболување на овие неизлечиви болести.

Лековите кои денеска постојат можат само да ги ублажат симптомите на Паркинсова болест, но не го штитат мозокот од дегенерација. Исто така, не постои лек ниту за деменција.

Коментирај