Свет

Причина за авионската несреќа кај Москва е откажување на индикаторот за брзина, покажува истрагата

13. февруари 2018 - 15:31 | Макфакс

Падот на рускиот патнички авион Ан-148 во московскиот регион најверојатно бил предизвикан поради неправилни податоци за брзина на летот поради замрзнување, соопшти интерната Комисија за воздухопловство по дешифрирање на податоците за летот, објави „Раша тудеј“.

Авионот Антонов Ан-148 се урна близу селото Аргуново, на околу 80 километри југоисточно од Москва, кусо по полетувањето од аеродромот Домодедово.

Авионот леташе кон градот Орск, која се наоѓа на границата меѓу Русија и Казакстан, а во него имаше 65 патници и шест членови на екипаж. Во несреќата нема преживеани.

Коментирај