Љубов и секс

Причини за болка и непријатност при сексуален однос

10. јануари 2018 - 11:23 | А.С.

Појавата на болка, непријатност, пецкање или неудобност за време на сексуалниот однос не е ретка, но во поголемиот број случаи не мора да биде причина за загриженост.

Жените најчесто имаат ваков проблем, но болниот сексуален однос е проблем со кој се соочуваат и 5% од мажите. Најчесто тоа се минливи симптоми предизвикани од некоја моментална состојба, но ако болката или непријатноста се повторува и трае подолго, веднаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

Недоволната природна влажност на вагината може да биде причина за болен или непријхатен сексуален однос. Намалената влажност на вагината обично е непријатност со која се соочуваат жените во менопауза, но и помлади жени може да се соочат со ваков проблем. Не се двоумете да користите лубрикант при сексуален однос ако чувтвувате сувост. На тој начин ќе ви биде попријатно и повеќе ќе уживате.

Вагинизам е состојба при која ѕидовите на вагината се стегнуваат, со што се оневозможува пенетрација. Причините може да бидат физички и психички. Ако почесто се соочувате со ваков проблем, задолжително посетете го вашиот гинеколог.

Прегруб секс може да биде причина за болка и непријатност. Кожата околу вагината и аналниот отвор е многу чувствителна. Ако сметате дека вашиот партнер прегрубо пенетрира, кажете му го тоа, дури и ако сте љубител на погруба игра.

Може да се појави и алергиска реакција на половите органи од некој козметички препарат што го користите вие или вашиот партнер, како и алергија на емулзијата со која е премачкан кондомот. Ако одеднаш почувтвувате пецкање, болка или грчење, веднаш побарајте помош од лекар.

Бактериска инфекција или ендометриоза. Бактериската инфекција на вагината може да предивика болка или непријатност за време на сексуалниот однос, а ендометриозата има слични симптоми, но трае подолго. Ако за време на сексот почувствувате силни болки слични како менструални, веднаш закажете преглед кај гинеколог.

Коментирај