Пријателите на принцезата Дијана се против документарецот со нејзини необјавени снимки

Непосредно пред 20-годишнината од смртта на принцезата Дијана, британскиот Channel 4 најави дека ќе го емитува документарниот филм „Diana: In Her Own Words“, но нејзините пријатели сега апелираат до ТВ-каналот да не се емитува документарецот бидејќи содржи контроверзни видеоснимки на кои Дијана зборува за нејзиниот брак со принцот Чарлс.

Филмот е направен врз основа на видеа снимени во периодот од 1992 до 1993 година со Питер Сетелен, професор на Дијана. Овие видеоснимки се направени во Кенсингтонската палата и досега не биле објавени. Во нив Дијана зборува за брачните проблеми со Чарлс и го критикува британското кралско семејство.

„Сметам дека тоа што ќе го емитуваат е неморално. Дијана била снимана во моменти кога нејзиниот брак беше завршен и таа никогаш немаше намера да се објават тие снимки“, рече кралската биографка Пени Џунор и додаде дека документарецот според неа е „експлоатација“.

Роза Монктон, блиска пријателка на Дијана, изјави дека објавувањето на тие видеоснимки ќе биде предавство на приватноста на Дијана.

„Тие не се наменети за јавноста. Тоа ќе биде предавство на нејзината приватност и приватноста на семејството.“

Од друга страна, од Channel 4 истакнуваат дека овој документарец нуди единствена можност да се ѕирне во животот на Дијана и велат дека снимките се неверојатен историски документ што овозможува да се состави еден нов портрет на принцезата Дијана.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе