ЗНМ и СЕММ реагираат

Пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Facebook страницата на Канал 5

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по пристигнатите пријави од страна на колеги и колешки денеска ќе поднесат пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Конкретно, станува збор за објава на веб страната Канал 5 од 17 септември, со наслов ,,Нервозен арачиновец убодел двајца жители на Аеродром и се обидел да прегази група луѓе!”, која потоа е проследена на Facebook страницата на оваа телевизија, со коментар: ,,Повторно 'албанофобија' а сега од страна на ОЈО?“. На оваа објава споделени се голем број на коментари, а дел од нив со непримерен вокабулар и содржина која поттикнува говор на омраза и дискриминација на етничка основа.

Како новинарски и медиумски организации остро ги осудуваме сите коментари кои што повикуваат на насилство и стигматизираат цела етничка заедница.

Дел од коментарите се: ,,ортома племе дивајчко“… ,,Кој дивјаци се ш******, ама за сме си сами криви… едно општество за сите???“… ,,толку им сече ограничени се во мозоците“… и други.

ЗНМ и СЕММ бараат од МВР со внимателност да ги истражи заканувачките пораки, а кон оние профили кои се познати од страна на истражните органи да бидат повикани корисниците на распит и да се преземат соодветни мерки против нив.

„Потсетуваме дека Основниот кривичен суд веќе има позитивна судска пракса со условни казни затвор кон сторители кои претходно имаат објавувано заканувачки пораки на социјалната мрежа Facebook, а по претходни пријави од страна на ЗНМ.

Истовремено, укажуваме дека етичка и законска обврска на секој професионален медиум е да внимава како информира посебно за теми кои лесно можат да поттикнат нетолеранција и дискриминација. Во спротивно, медиумите можат да  предизвикаат говор на омраза, етничка нетрпеливост, а тоа може да доведе и до други кривични дела од омраза.

Исто така, укажуваме дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) има судска пракса според која медиумите се одговорни за содржината на коментарите објавени под текстот на соодветната статија (Делфи АС против Естонија)“, стои во соопштението на ЗНМ.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Македонија

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Read more
 

Вести

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Читај повеќе
  • play_arrow

Нацист од Втората светска војна доби овации од Зеленски и Трудо

Читај повеќе

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Читај повеќе

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Читај повеќе

Осуденици од Идризово тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Читај повеќе

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Читај повеќе

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

Читај повеќе