Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на морбили

Скопје, 18 јануари 2019 (МИА) – Вкупно 75 случаи со симптоми на морбили (мали сипаници) се пријавени заклучно со вчерашниот ден. За 65 од нив е добиена лабораториска потврда, соопшти денеска Министерството за здравство.

Возраста на заболените се движи од осум месеци до 42 години. Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од една до четири години, а пет деца се на возраст до една година. Во возрасната група над 20 години се заболени 18 лица (27,7 отсто). Во однос на полот, 34 случаи (52,3 отсто) се женски лица.

Според вакциналниот статус, 55 лица, односно 84,6 отст од заболените се невакцинирани или се со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните деца, пак, пет деца се на  возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од вкупниот број заболени, 42 случаи (64,6 отсто) биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, од кои 73,8 отсто на возраст од една до четири години. Кај 15 од нив (23,1 отсто) се регистирани компликации, од кои најголем број, односно 12 (80 отсто) се кај деца на возраст до четири години.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека во декември 2018 година беше прогласена епидемија на морибили на територијата на населба Радишани, општина Бутел со седум случаи на мали сипаници. Заради појава на зголемен број заболени лица од различни делови на Скопје, на втори јануари годинава пријавена е епидемија на територијата на Град Скопје. Епидемијата се прошири на територијата на сите општини на Град Скопје, а досега најголем број (32,3 отсто) на случаи се регистрирани од општина Аеродром.

По прогласување на епидемија на територија на град Скопје, екипи на Центарот за јавно здравје-Скопје и Здравствен дом-Скопје извршиле увид во сите вакцинални пунктови.

– Согласно последните податоци, доставени од Здравствен дом-Скопје беше утврдено дека од 41.189 деца на возраст од една до пет години, невакцинирани се 12.437 или 30 отсто од децата кои подлежат за вакцинација.  Од вкупно 63.815 училишни деца на возраст до 14 години во град Скопје – невакцинирани се 3.924 деца (6.1отсто). Најголем број на невакцинирани деца се од прво одделение, односно 1.532 од вкупно 7.494 првоодделенци (20 отсто), се наведува во соопштението.

Во текот на втората недела од 2019 вакцинирани се 817 деца на возраст до 14 години од кои од 92 отсто се на возраст до пет години. Вкупно од почетокот на епидемијата до 13 јануари 2019 се вакцинирани вкупно 2.925 деца.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more
 

Вести

  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе