Приказна за поетот Д'Анунцио и создавањето на познатото Скудето

Филип Здравески
/ 07.02.2023 / 19:11

Сите љубители на калчото знаат што значи Скудето. Но, ретко кој знае како тоа настанало, а уште помалку дека зад него се крие познат поет.

Пред точно 103 години, на 7 февруари 1920 година се одиграл пријателски фудбалски натпревар во Риека помеѓу италијански војници и локални цивили. Тој ден прв пат на дресовите се појавил познатиот мал штит со италијанското знаме кој денес ги краси дресовите на актуелниот освојувач на Серија А.

Во тоа време хрватскиот град риека бил под Италија, окупиран од италијанска паравојска откако победниците во Првата светска војна одлучиле градот да не ѝ припадне на Италија. Во таа група војници се наоѓал и поетот Габриеле Д'Анунцио, кој не само што бил вешт со перото, туку и со пушката. Во Првата светска војна бил офицер во кралската армија, а потоа станал и политичар. Во италијанската книжевност оставил неколку ремек-дела и станал симбол на декадентизмот. Во 1919 година во регионот на Риека основал независна држава наречена Карнаро (некаде и Република Фјуме) на чие чело бил токму тој, нарекувајќи се Дуче. Државата постоела кратко, ја снемало веќе наредната 1920 година.

Габриеле Д'Анунцио

„Come ne’ limpidi tuoi occhi nàufraga
l’amore a l’alito salso de l’aure,
o bella ch’io domai
— e a noi fu l’erba talamo!“

Д'Анунцио бил роден во Пескара и уште како дете се заљубил во чудесната игра наречена фудбал. Во 1887 година во Лондон купил кожна топка, произведена од истиот производител кој правел топки за Фудбол лиг, тогаш првата лига на Англија. Ја донел топката во Пескара каде играл со другарите на локалните плажи. Служејќи во армијата, кога стигнал во Риека, со себе го донел и фудбалот. Токму на тој натпревар помеѓу неговите војници и локалните жители, поетот предложил локалниот тим на дресовите да носи мал штит во три бои: зелена, бела и црвена, како знак на поддршка за италијанскиот суверенитет на Риека. Така и било. Точно на денешен ден се одиграл овој натпревар, а риечаните играле со таков штит на дресовите.

„Non baci io chieggoti, oggi: ne l’anima
oggi i fantasimi de l’arte ridonmi
sereni. A me sereni
detti Asclepiade i numeri;“

Четири години подоцна, во 1924 година Италијанската фудбалска федерација донела одлука секој актуелен италијански шампион да носи таков штит на своите дресови. Првиот тим кој ја имал честа да го носи Скудетото била Џеноа во сезоната 1924/1925 како актуелен освојувач од претходната сезона. Скудетото како да било баксузно за овој клуб бидејќи Џеноа никогаш повеќе не станала шампион на Италија.

Играчите на Џеноа со малиот штит на дресовите во сезоната 1924/1925

Името Скудето (Scudetto) доаѓа токму од зборот за „мал штит“, што и значи на италијански. Одамна Скудетото не го означува само малиот штит на дресовите, туку и самиот пехар. Така, денес тимовите од Серија А се борат да го освојат Скудетото, односно пехарот.

Сето тоа благодарение на еден поет кој никогаш не станал фудбалер.

Д'Анунцио починал на 1 март 1938 година, 11 дена пред да го прослави својот 75-ти роденден.

Габриеле Д'Анунцио
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе