Приказната за бездомникот од Филаделфија е измама

Приказната за бездомникот од Филљделфија, Џони Бобит Џуниор, кој преку кампања требаше да добие повеќе од 400.000 долари, испадна дека е чиста лага.

Минатата година во октомври Кејт Меклур и Марк Дамик започнаа онлајн кампања за собирање пари (GoFundMe) и за помалку од 6 месеци собраа повеќе од 400.000 долари за бездомникот Џони Бобит. Меѓутоа, во август Бобит покрена тужба против парот тврдејќи дека добил само 75.000 долари.

И додека јавноста го осуди младиот пар поради сторената неправда кон бездомникот, сега е откриено дека и самиот Бобит бил учесник во измамата. На прес-конференција обвинителот Скот Кофина изјави дека оваа приказна звучела премногу добро за да биде вистина.

„За жал, така испадна на крајот. Целата кампања е темелена на лаги. Прекршени се закони и ќе има последици“, изјави Скот.

Џони Бобит е уапсен во Филаделфија и сега е го притвор. Дамико и Меклур се предадени на властите, но набргу се пуштени од притвор. Сите се обвинети за измама и кражба. Се претпоставува дека целата кампања е однапред смислена уште пред иницијативата да биде покрената на Facebook. Всушност, парот го запознал Џони во близина на казино кое редовно го посетувале.

Џони е навистина ветеран и бездомник, но приказната за горивото и за 20 долари е измислена. Сагата на тројцата Американци започна во ноември, 2017 година кога Меклур ја започна кампањата со приказната како бездомникот ѝ ги дал неговите последни 20 долари за таа да стави гориво во автомобилот. Повеќе од 14.000 луѓе донирале за кампањата.

Ако бидат прогласени за виновни, секој од нив би можел да добие затворски казни од 5 до 10 години.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе