Хроника

Прилепчанка ја запали куќата на дедото на нејзиниот дечко

24. февруари 2020 - 16:24 | МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 01.01.2020 на ул.„Славеј Планина“, во куќата на Ц.Р., влегла пријавената – девојка на неговиот внук Д.К., заедно со К.А.(27), по што започнале расправија со Д.К.

С.А. истурила бензин низ просторијата и предизвикала пожар.

Коментирај