Прилепскиот „Пивофест“ од 18 до 21 јули, со програма за сите генерации

Прилеп, 27 јуни 2019 (МИА) – Од 18 до 21 јули во Прилеп по 17-ти пат ќе се одржи традиционалниот Фестивал на пивото и на скарата – „Пивофест“. Четирите фестивалски дена ќе донесат голем број посетители и новини со што ќе се збогатат содржините на оваа, една од најголемите летни манифестации, препознатлива на Балканот, соопштија денеска на прес-конференција организаторите: прилепската локална самоуправа и агенцијата „Баги комуникации“ од Скопје.

Според градоначалникот Илија Јованоски, „Пивофест“ ќе се одржува во центарот на градот, зашто анкетата со граѓаните и институциите покажа дека тоа е најдобрата, најсигурната и најфреквентната локација со најсоодветна инфраструктура.

На Фестивалот ќе има преку 20 штандови и се ќе биде поставено на површина од 4.131 метар квадратен.

-Оваа година ќе биде поразлично и побогато. Ќе има повеќе пиварници и поразлична програма преку целиот ден, ноќта, се до раните утрински часови. Музиката и програмата ќе биде за сите генерации и за сечиј вкус за Феастивалот да биде подобар и поразличен од досега. Нема да има огномет, а средствата за тоа ќе бидат пренаменети во добвротворни цели, за Здружрението на лекувани алкохоличари, рече Јованоски.

Владимир Мандичевски од агенцијата „Баги комуникации“ која со години организира настани и манифестации во и надвор од државава нагласи дека програмата ќе донесе голем број познати изведувачи.

– Голем предизвик е да се организира ваков Фестивал кој има 16-годишна традиција и до Белград е регионално најголем, а е и во врвот на најголемите македонски фестивали. Програмата е конципирана за сите генерации, со посебен акцент на локални и наши групи изведувач. Направен е избор на различен вид музика со гости од целиот регион. Во четврток, на 18 јули, ќе настапат „Прилепски еснаф“, дуетот Селимова-Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ќе заврши со настапот на рок-групата „Галија“. В петок, на 19 јули, се Ален Хасановиќ, Миле Кузманоски, Кантурови и Светлана Ражњатовиќ-Цеца. Во сабота на 20 јули термините се резервирани за „The Hounds“, Влатко Стефановски-трио, Фрајле и за Тамара Тодевска, а последната вечер, на 21 јули, недела, настапуваат „Бен Хур“, „Кал Бенд“ од Блеград кој изведува џипси рок низ цел свет, Сања, Маринко и Зец ќе ги пеат песните на групата „Нови Фосили“ и на крајот „Cyrillic“, објаснува Мандичевски.

„Пивофрест“ претендира да биде водечки во регионот, како туристичка атракција.

-Има барања од туристички агенции од Скопје и досега најава на гости од Грција и од Бугарија, а допрва очекуваме најави на посетители. Ќе се организира и посета на сиот дипломатски кор во земјава. Направени се контакти со Стопанската комора на Македонија, со приелпската регионална комора и со македонската туристичка комора. Пиовофест од годинава мора да влезе во понудата на туристичките агенции и работиме Прилеп да стане регионален фентар на Фестивалот на пивото, рече Мандичевски.

Јана Јанеска од локалната самоуправа наброи богата алтернативна програма во сите денови на Фестивалот.

-Ставаме акцент на алтернативните настани како можност да се издигне Фестивалот на повисоко ниво за да се развијат креативниот туризам и креативните индустрии. Ќе има и сервис за посетителите за информации за сите достапни инстѕитувции, како хотелите, хостелите, рестораните, службите на Итна помош, на Полицијата,. ќе има штанд за „изгубено-најдено“, ќе има „Пејн-бол – арена“ достаспни 24 часа, се воведува игра „Пивопол“ во вечерните часови пред почетокот на главната програма, за прв пат ќе има активна детска зона, преку денот ќе има летна забава во „Аквапаркот“, а во паркот на Револуцијата пак ќе биде активна „кампинг-зоната“ за сите кои ќе кампуваат на Фестивалот, а за младите во ноќите до раните утрниски часови ќе има алтернативна програма на камената бина на плоштадот „Александрија“. За време на Фестивалот, со познатото „Вовче“ ќе има презентација на културните знаменитости на Прилеп, рече Јанеска.

Мотото на Фестивалот е „За добра мисла“. Буџетото кој го одвојува локалната самоупорава за „Пивофест“ е 2,5 милиона денари за покривање на авторските хонорари на учесниците. Како и лани цената за паринг-простор е 50 денари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе