Прилепскиот театар бара да се оддели од Центарот за култура „Марко Цепенков“

Прилеп, 26 септември 2019 (МИА) – Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ покрена иницијатива до Министерството за култура да биде посебен правен субјект и да се одвои од Центарот за култура „Марко Цепенков“, во чиј состав е од 2004 година.

В.д. директорката на Центарот, Марија Спиркоска-Илијеска, изјави дека иницијативата со потписите од вработените во театарот е испратена во Министерството, а на влезната врата на театарот денеска е поставен натпис: Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

– До Министерството за култура испратено е писмо на кое се потпишани сите актери и вработени во оваа институција за конечно одделување на театарот „Војдан Чернодрински“ од Центарот за култура „Марко Цепенков“ како посебен субјект. Да биде посебен субјект: Народен театар или театар „Војдан Чернодрински“. Токму денеска, на влезната врата од тетарот се постави името на институцијата: Театар „Водјан Чернодрински“-Прилеп. Нема да запреме, зашто нашата енергија и мотивот нема да нè остават индиферентни, за театарот да биде посебна институција. Прилеп заслужува подобри услови за ансамблот, да нуди поголеми театарски креации. Имаме позитивно мислење од Министерството. Такво мислење и барање имаат упатено и пет до шест театри во земјава кои сѐ уште се во склопот на центрите за култура, изјави Спиркоска-Илијеска.

Во меѓувреме, има барања и за реновирање на стариот објект, како и потсетување дека ќе се гради нов објкект на Театарот во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков“.

-До Министерството за култура доставивме предлози и дописи за реновирањето на овој, стар објект на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а потсетивме и на изградбата на нов театар кој треба да биде во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, како доградба и надградба на објектот. И покрај идејата за нов објект, треба да се реновира постојниот зашто условите за работа се повеќе од скромни и речиси невозможни и се под нивото за една претстава да се направи според европските критериуми, објаснува Спиркоска-Илијеска.

Во театарот се направени промени. Со помош на театарската група „Театар 5, сцена 4“, поставена е пристапна рампа и е комплетно преуредено фоајето на театарот.

-Ова е наше ново време. Време на младата екипа која тежнее да стане европска и со висок потенцијал. Донесовме промени. Поставивме пристапна рампа до влезот на Прилепскиот театар. Во фоајето се истакнати сите награди на прилепскиот ансамбл, кои навистина се многу и треба публиката да ги види. Тоа се бројни награди добивани со децении, истакна  Спиркоска-Илијеска.

Инаку, идејата за нов театар е во фаза на идејно решение за модерна градба, како продолжение на сегашниот Дом на културата „Марко Цепенков“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе