Манчестер Јунајтед прими неверојатна понуда тешка 4,9 милијарди долари од саудискиот принц Мохамед бин Салман за купување на клубот.
Саудиското кралско семејство што „тежи“ неверојатни 967 милијарди евра, се надева дека ќе ги убеди актуелните сопсттвеници на Јунајтед да го продадат клубот пред почетокот на следната сезона.
Предложената понуда следи откако шефовите на Јунајтед, американското семејство Глејзер, беа видени како поминуваат многу време во Саудиска Арабија, објави британски The Sun.
Извори блиски до семејството Глејзер тврдат дека тие се противат на продажбата на клубот од англиската Премиер лига, но дека високата понуда ги натерала да размислат.
Американските сопственици ги купија „црвените ѓаволи“ во 2003 година за 900 милиони евра, а ако одлучат да ја прифатат понудата на Бин Салман, семејството Глејзер би добило профит од 2,8 милијарди долари.
Саудискиот принц лани го поврзуваа со можно купување на Јунајтед, но извори тогаш тврдеа дека клубот не е на продажба, особено откако Бин Салман беше вмешан во смртта на новинарот Џамал Кашоги во Турција.
Понудата од 4,9 милијарди долари исто така зависи и дали момците на Оле Гунар Солскјер ќе се пласираат во Лигата на шампиони следната сезона.