Примероци од 5 пациенти ќе се секвенционираат за да се утврди дали ја имаат БА2 варијантата на омикрон

Примероци од 5 пациенти тестирани за COVID-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2 ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето, односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи откако ќе заврши целата процедура, изјави за МИА д-р Дугаџин Османи од Институтот за јавно здравје.

Овие пет, посочи тој, имаат индиции на овој тест дека се работи за таа подваријанта, но не може да се потврди додека не заврши секвенционирањето.

– Начинот да се потврдат кои било варијанти, нови или тие што веќе се во оптек во светот, е секвенционирањето. Во светот има и нови тестови кои даваат насоки за која варијанта или подваријанта се работи. Тие се наменски направени за постоечките варијанти. Во ИЈЗ ги користиме и тие тестови и тие најмногу користат како тест за селекција за секвенционирање. Не само тие пет, може да има и други селектирани примероци. Можно е да се најде варијанта која воопшто не постои во светот, рече д-р Османи.

Од Министерството за здравство за МИА информираа дека до овој момент, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје не се детектирани подваријанти на омикрон.

– Стручните лица ги селектираат примероците кои се квалификуваат за да се секвенционираат и јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови аспекти од овој процес, потенцираа од Министерството за здравство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе