Принц Хари: Стисни заби и заврши си ги должностите? Не го сакав тоа

Принцот Хари вчера беше гостин во подкаст-емисијата Armchair Expert каде зборуваше за првата средба со Меган Маркл, напуштањето на кралското семејство и одењето на психолог.

Британскиот принц опиша како изгледал неговиот прв таен состанок со Меган.

„Се сретнавме во еден супермаркет во Лондон и се преправавме дека не се познаваме. Застанавме на неколку метри и се допишувавме. Се сеќавам дека луѓето чудно ме гледаа и неколкумина дојдоа да ми кажат здраво. Носев капа и цело време гледав во подот за да ме видат што е можно помалку луѓе“, рече Хари со насмевка.

Тој додаде дека поради смртта на мајка му, принцезата Дајана, сакал да го напушти кралското семејство кога имал 20-тина години

„Тоа е работно место, нели? Стисни заби и заврши си ги должностите. Имав дваесет години и размислував - не го сакам ова. Не сакам да бидам тука. Не сакам да правам ова. Погледнете што оваа ‘работа’ ѝ направи на мајка ми. Како да се скрасам и да имам семејство кога знам дека нешто такво нешто може пак да се повтори?“, рече тој.

Ефект на бумеранг

На крајот, Хари зборуваше за посетите на психолог, потенцирајќи дека Меган најмногу го поддржувала во одлуката да го стори тоа.

„Посетите на психолог го скршија стакленото ѕвоно во кое бев. Ја извадив главата од песок, ја истресив и помислив дека треба да сменам нешто за да бидам јас горд со себе си, нешто за кое мајка ми би се гордеела со мене, да направам важни промени“, рече тој.

За потсетување, принцот Хари неодамна соопшти дека наскоро ќе ја претстави емисијата за ментално здравје The Me You Can't See на која работи заедно со Опра Винфи.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе