Живот

Принцот Хари и Меган Маркл би можеле да се преселат во Африка

22. април 2019 - 18:10 | К.З.

И на благородниците понекогаш им е потребна промена. По раѓањето на нивното прво дете, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл имаат намера да ја променат средината и да се преселат во Африка.

Нивниот тамошен престој не би требало да биде подолг од две или три години, а според The Sunday Times, тој ќе биде дел од нивната значајна меѓународна задача која ја смислија припадниците на кралското семејство.

Афричкиот континент се спомнува како една од потенцијалните локации за нов, привремен дом на Хари и Меган, но не се исклучени и уште неколку други локации – сите од нив надвор од Европа.

Според извештајот на The Sunday Times, поранешниот британски амбасадор Дејвид Менинг, кој во моментов работи како советник за меѓународни работи на принцот Хари, ја советувал кралската двојка дека со патување надвор од границите на Велика Британија тие ќе за зајакнат меѓународната позиција за дополнително да го засилат влијанието над земјите од Комонвелтот.

„Сите идни планови на војводата и војвотката се само шпекулации. Засега не е донесена официјална одлука за нивните улоги во иднина“, изјави портпаролот на Бакингемската палата, негирајќи ги гласините за преселба на парот.

Од CNN, пак, пишуваат дека Вилијам, братот на принцот Хари, ќе го поддржи неговиот брат во сите проекти кои тој планира да ги започне, исто како што правеше и досега.

Коментирај