Живот

Принцот Хари и Меган Маркл добија кралско пиво

31. март 2018 - 10:06 | МИА

Лондон, 31 март 2018 (МИА) - Сопствениците на пиварницата во британскиот град Виндзор, каде во мај ќе се одржи венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, веруваат дека успеале да направат совршено „кралско пиво“.

Тие произвеле светло пиво, кое го нарекоа „Harry&Meghan's Windsor Knot“. Пивото претставува спој од американски и британски видови на хмељ, од кои некои се одгледуваат на кралските фарми во близина на дворецот во Виндзор.

За пивото изработено е и специјално шише, на кое ги има знамињата на Велика Британија и на САД.

Пиварницата „Виндзор и Итон“ ограничено количество пиво веќе пушти во продажба.

Коментирај