ФОРМУЛА 1 2020

Прингл: Ситуацијата во Австрија ќе биде клучна за британското ГП

Ф1
/ 16.04.2020 / 14:02

Спортскиот директор на Силверстон, Стјуарт Прингл, изјави дека ситуацијата со трката во Шпилберг ќе биде пресудна за одлуката за одржување на британското гран-при, закажано за 19 јули.

Во моментот, првата трка во сезоната е за Големата награда на Франција на 28 јуни, меѓутоа, одржувањето на овој настан е скоро невозможен поради новите ограничувања на надлежните за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Австрија, напротив, започна да го олабавува карантинот, што им дава надеж на навивачите за почетокот на сезоната 2020 на 5 јули на „Ред Бул Ринг“.

– Ако Формула 1 сака да ја користи нашата патека за повеќе од една трка, тогаш сигурен сум дека можеме да го организираме тоа. Сè уште сме отворени за какви било одлуки, иако тоа сигурно ќе биде тешко. Развојот на ситуацијата во Австрија ќе биде клучен за нас. Ова е прилично самостојно гран-при, а земјата е пред остатокот на Европа во однос на олеснување на мерките за карантин. Покрај тоа, тие имаат можност да донесат одлука многу доцна, бидејќи тоа се пари на сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц кој има големо влијание во Ф1. Но, затворените граници можат да станат камен на сопнување“, вели Прингл.

Претходно Прингл изјави дека сака да одлучи за трката во Силверстоун до крајот на април.

Моментално календарот за 2020 изгледа вака:
28 јуни - Ле Кастеле, Франција
5 јули - Шпилберг, Австрија
19 јули - Силверстоун, Обединето Кралство
2 август - Моѓород, Унгарија
30 август - Ставло, Белгија
6 септември - Монца, Италија
20 септември - Марина Беј, Сингапур
27 септември - Сочи, Русија
11 октомври - Сузука, Јапонија
25 октомври - Остин, Тексас, САД
1 ноември - Мексико Сити, Мексико
15 ноември - Сао Пауло, Бразил
29 ноември - Абу Даби, ОАЕ

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе