Приоритет во вакцинирање постарите, хронично болните и стопанствениците

Скопје, 16 мај 2021 (МИА) – Во земјава пристигнаа уште 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“ донација од кинеската Армија. Надлежните се надеваат дека со оваа значителна количина на вакцини, може да се смени епидемиолошката слика во државава.

Вакцинирањето, според надлежните, оди согласно предвидената динамика, според возраста и до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани кои ќе имаат приоритет пред помладите.

Како приоритетни ќе бидат вакцинирани и пациентите со трансплантирани бубрези и пациенти на дијализа по што следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем. Во групата на потешко болни од хронични болести кои, исто така, ќе имаат приоритет при вакциниацијата, се и пациентите со цистична фиброза.

-За  родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритетна група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, изјави вчера Филипче по повод пристигнувањето на кинеските вакцини.

Ќе се вакцинираат и стопанствениците, а од следната недела продолжува имунизацијата и на вработените во критичната инфраструктура. За стопанствениците, се чекаат списоците од стопанските комори и предвидено е дневно да се вакцинираат од 300 до 400 лица. Во овој случај, приоритет ќе им се даде на оние кои работат во поголема група во иста просторија како во погони или магацини, потоа вработените во угостителско туристичкиот сектор, јавниот транспорт и продавачите во малопродажните трговски објекти.

-Во однос на критичната инфраструктура почнуваме следната недела. Има една донација вакцини за полицијата, а еве сега и за Армијата. Ќе продолжиме по тој терк, како што почнавме. И во однос на стопанските комори, стопанските субјекти, компаниите, на заедничкиот состанок заклучивме дека најсоодветен механизам е и таму да се регрутираат луѓе согласно препораките за приоретизација – вработените со колку луѓе во денот имаат контакт или колку работат во група и во колкава затворена просторија. Ги очекуваме списоците од стопанските комори со кои имавме состанок на почетокот на неделата. Веднаш штом ги добиеме, ќе добијат термини за вакцинација, истакна Филипче.

Оние граѓани, пак, кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека“, а се под 60 години, ќе може да се ревакцинираат во земјава, но со „Синофарм“ или со „Фајзер“, а за тоа ќе треба да се пријават кај матичните лекари.

И додека во тек е имунизацијата на населението, епидемиолошката состојба во државава полека стивнува. Вчера, Институтот за јавно здраво информираше дека во последните 24 часа се евидентирани нови 112 случаи на COVID-19 од направени 4.196 тестирања. Починати се 13 пациенти, а оздравени 2.179 лица.

Поради подобрената епидемиолошка состојба и намалениот притисок врз болниците олабавени се и рестриктивните мерки. Полицискиот час е скратен, а подолго работат угостителските објекти. Отворени се и вежбалните, спортските центри и фитнес клубовите, но за нив важи почитувањето на протоколите. Засега, останува забраната за правење свадби и концерти и препораката за носење заштитна маска на отворено.

Овие мерки важат до вторник кога повторно согласно епидемиолошките трендови се очекува да се донесе нова одлука за мерките и препораките.

Од друга страна, полицијата секојдневно регистрира нови прекршувања на полицискиот час и непочитување на препораката за носење заштитна опрема на лицето. Од МВР информираа дека во деноноќието меѓу 14 и 15 мај на цела територија на државата регистрирани се 34 прекршувања на полицискиот час и 396 прекршоци за неносење на заштитна маска.

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Македонија

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Read more

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Read more

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Read more

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Читај повеќе

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Читај повеќе

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Читај повеќе

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Читај повеќе

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници

Читај повеќе

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Читај повеќе

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе