Метеоролошката опсерваторија во Хонг Конг во период од 12 часа забележала повеќе од 10.000 удари на гром во површината. Дури и метеоролозите биле изненадени од ваквиот феномен.
Експертите објаснуваат дека станува збор за редок феномен, и дека неверојатната бура следувала еден ден по најтоплиот ден во Хонг Конг по 1969 година.
Научникот Там Је-тинг од опсерваторијата изјавил дека бројот на удари на громови, го надминал досегашниот 24 часовен рекорд од 9.966 громови забележан во 2005 година.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=5RFP8KZdINs]