Здравје

Природните шеќери ја подобруваат работата на мозокот

13. септември 2017 - 11:55 | К.З.

Голем број на здравствени стручњаци советуваат да се намали дневниот внес на шеќери во телото со цел да се намали притисокот и ризикот од срцев удар. Но, има и доктори кои велат дека шеќерот може да има позитивни ефекти на мозокот.

Доктор Дру Ремзи, кој е познат нутриционист, тврди дека шеќерот е најважен за правилна работа на мозокот. На мозокот му се потребни околу 400 калории глукоза дневно, но тоа не значи дека со јадењето на две чоколади ќе ја решите потребата која вашиот мозок ја има за квалитетна енергија. Важно е од каде доаѓа шеќерот кој го внесувате во организмот.

Сепак, од оние 400 калории кои му се потребни на мозокот на дневно ниво, само четвртина треба да бидат внесени преку храна.

Фруктозата која се наоѓа во нездравата храна не е баш корисна за вас, но затоа природните шеќери кои се наоѓаат во медот, јаворовиот сируп и овошјето во голема мера допринесуваат за доброто здравје на мозокот.

Многу е корисно да знаете колкава количина шеќер има во разните видови храна. Така на пример, во банана со средна големина се содржат околу 14 грама природен шеќер. Во кељот се наоѓа скоро двојно повеќе шеќер. Овие две растенија полека ослободуваат енергија, така што нема веднаш да ви го подигнат нивото на инсулин.

Заклучокот на доктор Ремзи е дека умерената количина на природен шеќер му помага на вашиот мозок да работи правилно

Коментирај