Пристигна американскиот момент на вистината: Камала Харис и Доналд Трамп во последната пресметка

По интензивна кампања, бројни говори кои одекнуваа од источниот до западниот брег, конечно пристигна денот што го чекаа Американците и целиот свет. Денеска, 5 ноември, се избира нов претседател на Соединетите Американски Држави.

Иако изборите во која било земја се настан кој има огромна тежина и значење, американските избори секако имаат поголема димензија со оглед на геополитичкото влијание што Вашингтон и Белата куќа го имаат врз целиот свет.

Претседателот на САД, иако не е личност за која може да се каже дека го претставува апсолутно целиот авторитет и моќ во земјата, дефинитивно ја претставува персонификацијата на Соединетите Американски Држави, американската политика и на внатрешен и на надворешен план и на сѐ она што Вашингтон претендира да биде во крајно турбулентни геополитички процеси на кои сме сведоци во последните неколку години.

Како резултат на тоа, трката за американски претседател беше следена значително повеќе оваа година. За ова секако се одговорни кандидатите на Демократската и Републиканската партија, атмосферата и сите турбуленции на кои бевме сведоци во изминатиот период.

Додека долго се зборуваше за тоа како Доналд Трамп ќе влезе во финишот на овој натпревар како кандидат на Републиканската партија и актуелниот претседател и истакнат демократ Џо Бајден, 2024 година ни донесе неочекуван пресврт.

На мегдан со Доналд Трамп излезе Камала Харис, актуелниот потпретседател на САД и жена која има можност да влезе во историјата на Соединетите Американски Држави како прва жена на чело на Белата куќа.

За кампањите на кои бевме сведоци во последниот период, нема потреба да се каже нешто повеќе. Сосема е јасно дека оваа кампања покажа дека не се работи само за два различни политички проекти, туку за два сосема различни политички универзуми.

Еден претставен од демократскиот претседателски кандидат Камала Харис и кандидатот за потпретседател Тим Валц.

Другиот составен од поранешниот претседател на САД и кандидат на Републиканската партија за претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател ЏејДи Венс.

Во текот на кампањата можеше да се слушнат програмите на двете страни, но и многу повеќе обвинувања на личен план. Тие беа оние кои најдолго се задржаа на јавниот простор и на моменти ја режираа самата кампања.

Кога станува збор за самиот систем, она што треба да го знаете е дека на изборите ќе победи кандидатот кој врз основа на резултатите ќе освои 270 или повеќе електори. Секоја американска сојузна држава брои одреден број електори, а кандидатот со најмногу гласови во одредена област ги зема со себе сите електори во таа држава.

Се разбира, историјата веќе знае дека одредени сојузни држави имаат продемократска или прорепубликанска ориентација и нема да има многу изненадувања. Сепак, постојат држави со крајно поделен електорат, а фокусот на американската јавност ќе биде токму на нив и тие ќе бидат оние каде што најмногу ќе се кршат копјата.

Некои од нив се Пенсилванија, Џорџија, Аризона, Невада, Мичиген, Висконсин и Северна Каролина.

Покрај претседателските избори, Американците денеска ќе избираат и членови на Конгресот на Соединетите Американски Држави, каде што се во игра сите 435 места во Претставничкиот дом и 34 во Сенатот.

Remote video URL

Републиканците во моментов го контролираат Претставничкиот дом, кој ги иницира плановите за трошење. Демократите се задолжени за Сенатот, кој гласа за клучните владини назначувања.

Милиони Американци веќе го искористија своето право да гласаат предвреме, но голем број ќе го искористат тоа право денеска.

Веќе утре, а особено во наредните денови, политичката карта на САД може да изгледа сосема поинаку, а едно прашање ќе виси во воздух.

Дали сината боја и Камала Харис ќе доминираат или победата оваа година ќе им припадне на Доналд Трамп и Републиканската партија.

Remote video URL
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Свет

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Read more

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе