Пристигна електричната Toyota bZ4X со автономија од над 500 километри

Пред пристигнувањето на европскиот пазар, Toyota ги подобри планираните карактеристики на својот прв целосно електричен кросовер.

Toyota bZ4X, електричното кросовер возило на батерии на најголемиот јапонски производител, беше најавено минатата година, а во европските салони треба да пристигне во наредните месеци. Станува збор за првиот модел на Toyota од серијата bZ (Beyond Zero), со кој овој производител конечно ќе се движи во правец на автомобили без штетни емисии.

Toyota bZ4X се заснова на механичка платформа развиена во соработка со Subaru и носи карактеристичен динамичен дизајн, пространа внатрешност, напредни карактеристики на теренецот и погон на сите тркала, така што е дизајнирана не само за асфалтни патишта, туку и за понапорни терени.

Погонот на четири тркала се користи со помош на два електромотори, од кои секој придвижува по една оска, што на електричната Toyota ѝ дава карактеристики кои градските автомобили вообичаено ги немаат.

Благодарение на ефикасните мотори и управувањето со енергијата, батеријата од 71,4 kWh ќе му овозможи на овој автомобил да постигне поголема автономија со едно полнење од првично најавеното.

Toyota bZ4X за европскиот пазар според циклусот WLTP може да помине до 516 километри со целосно наполнета батерија, со потрошувачка од 14,3 kWh на 100 км - само за верзијата со погон на предните тркала.

За моделот со погон на сите тркала, WLTP пропишува автономија од околу 470 километри, со енергетска ефикасност од 15,8 kWh на 100 км. За потсетување, минатата година Toyota прелиминарно објави дека автономијата на автомобилот ќе биде „над 450 километри“.

Во однос на моторизацијата, основниот модел со еден електромотор има максимална моќност од 204 КС (150 kW) и 265 Nm вртежен момент. Тоа е доволно автомобилот да се забрза до 100 км/ч за 8,4 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 160 км/ч.

Двоелектричната верзија развива вкупно 218 КС (169 kW) и 336 Nm. Од 0 до 100 км/ч автомобилот пристигнува за 7,7 секунди, а максималната брзина е исто така ограничена на 160 км/ч.

Долгорочна гаранција за батеријата

Кога станува збор за гаранцијата за батериите, Toyota вели дека ќе им гарантира на клиентите дека нејзиниот употреблив капацитет нема да падне под 70% по 10 години, па дури и по милион поминати километри.

Двете верзии на bZ4X можат да се полнат на брзи полначи со максимална моќност од 150 kW, така што 30 минути се доволни за полнење до 80% од капацитетот на батеријата.

За летово се најавени првите испораки до клиентите во Европа.

Remote video URL
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе