Пристигна новиот LG G7 ThinQ

По неколку месеци полни со шпекулации, компанијата LG конечно го претстави новиот адут на пазарот на смартфони – G7 ThinQ. Скоро сите информации кои ги добивме во последниот месец се точни и телефонот доаѓа со бонус копче за асистентот на Google, а го има и популарниот „notch“.

Сите камери на овој телефон имаат предност во однос на другите телефони во тоа што користат вештачка интелигенција (AI) и таа ќе им помогне за полесно да препознаваат предмети и лица, како и да ја изменат сликата.

Телефонот ќе вибрира секогаш кога ќе забележи предмети од типот на луѓе, животни, растенија или пак зајдисонце. Од LG тврдат дека камерите на G7 се четирипати посветли од оние на G6 и можат да сликаат во затемнета просторија при минимално светло.

LG G7 ThinQ има Qualcomm Snapdragon 845 процесор, 6,1-инчен екран и двојна 16-мегапикселна камера на задниот дел, како и 8-мегапикселна камера на предниот дел. Што се однесува до меморијата, тој има 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија, а телефонот доаѓа со батерија од 3.000 mAh. На задниот дел се наоѓа сензорот за отпечатоци, а на страната се наоѓа копчето на кое се вклучува телефонот.

Сепак, двете најинтересни и нови работи кај LG G7 ThinQ се посебното копче кое служи за да се активира Google Assistant и популарниот „notch“, кој стана познат откако Apple го ставија на нивниот iPhone X.

Notch-от може да биде исклучен или вклучен, во зависност од тоа дали преферирате да го користите целосниот екран на телефонот или сакате тој да го има овој впечатлив контролер. Исто така, G7 нуди избор на бојата на неговиот notch, па така ќе можете да одберете некоја од неколкуте варијанти.

LG не понуди универзална цена за G7 ThinQ, туку остави добавувачите да ја одредат цената онака како што налага пазарот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе