Пристигна новиот Tesla Model S Plaid
Првите примероци на лимузината на Tesla се упатија до нивните сопственици.
Model S Plaid е најавен уште пред неколку години, а сега почнаа првите испораки на овој фантастичен автомобил.
Овој модел е на врвот на понудата на Tesla.
Има три електрични мотори и погон на сите четири тркала, а Mаск тврди дека станува збор за најдобриот продукциски автомобил на денешнината.