Пристигна првиот трејлер за четвртата сезона на „Veronica Mars“
Благодарение на Hulu, „Veronica Mars“ се враќа на телевизиските екрани. Вероника последен пат ја видовме во 2014 година, во истоимениот долгометражен филм, а овојпат таа се враќа во нејзиниот роден град Нептун во Калифорнија, каде ќе се соочи со нова закана.
Новата сезона на „Veronica Mars“ продолжува десет години по емитувањето на третата сезона. Враќањето дома за Вероника значи навраќање на корените, но и шанса за повторно да работи како приватен детектив заедно со татко ѝ.
Премиерата е закажана за 1 јули.