Пристигна првиот трејлер за „The Gentlemen“ на Гај Ричи
Една година по успехот на „Aladdin“ режисерот Гај Ричи се враќа на сцената со нов филм, „The Gentlemen“ во кој главните улоги ги толкуваат Метју Меконахи, Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Џереми Стронг, Колин Фарел и други.
Станува збор за крими трилер полн со британски хумор. Американецот Мики Пирсон (Метју Меконахи) ќе изгради профитабилна империја за марихуана во Лондон. Кога ќе се појави глас дека сака да излезе од бизнисот клопчето почнува да се одмотува со завери, мито и уцени од луѓе кои ќе се обидуваат да го заземат неговото место.
Премиерата е закажана за 1 јануари 2020 година.