Пристигна Tesla Model S Plaid со над 1.000 коњски сили

Првите примероци на врвната верзија на лимузината на Tesla стигнаа до нивните сопственици.

Model S Plaid беше најавен пред неколку години, а сега почнаа и првите испораки на овој фантастичен автомобил.

По тој повод, се одржа мала церемонија на која зборуваше првиот човек на компанијата, Илон Маск.

За потсетување, Model S Plaid спаѓа во самиот врв на производството на Tesla. Автомобилот има три електромотори и погон на сите четири тркала, а Маск тврди дека тој е „најстартниот производствен автомобил на денешницата“.

Електричниот погон испорачува 1.034 КС (761 kW) и му овозможува на возилото да забрза од 0-60 милји на час (0-96 км/ч) за 1,99 секунди, додека од мирување до четвртина милја (402 матри) потребни му се 9,23 с.

Максималната брзина е одредена на 322 км/ч. Сепак, оваа брзина во моментов е можна само на хартија, бидејќи бара посебен, опционален сет на гуми - кои сè уште не се ни направени.

Автономијата на возење се проценува на 628 километри, а доколку клиентот се определи за опционалниот сет на 21-инчни тркала, радиусот се намалува на 563 километри.

Инаку, Model S Plaid првично имаше цена од 119.990 долари, а Tesla ја зголеми за 10.000 долари, на 129.990 долари, пред почетокот на производството.

Американскиот производител планираше и верзија над оваа, која би носела етикета Model S Plaid +, но во последен момент се откажале од ваквата идеја.

Причината, според самиот Маск, е што „обичниот“ Model S Plaid е „толку добар автомобил“ што верзијата „плус“ не е потребна.

Remote video URL
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе