Пристигна трејлерот за новата сезона на „Narcos“
Во првиот трејлер за четвртата сезона од серијата „Narcos“ можете да видите како новите актери Мајкл Пења и Диего Луна ја градат империјата на дрогата во Мексико. Премиерата на новата сезона е закажан за 16 ноември оваа година.
Првите три сезони од „Narcos“ беа сместени во Колумбија, но Netflix ја менува локацијата во пресрет на самиот крај на серијата. Во новата сезона ќе можете да гледате како беа поставени темелите на модерната војна за дрогата преку истражување на нејзините корени.