Пристигна трејлерот за „Vice“: Нов Оскар за Кристијан Бејл?
Актерот Кристијан Бејл повторно го преобрази телото, овојпат за потребите на улогата на Дик Чејни, кој осум години беше потпретседател во канцеларијата на Џорџ Буш. Филмот „Vice“ ја следи кариерата на Чејни како потпретседател на САД од преземањето на функцијата до самиот крај.
Покрај Кристијан Бејл, во филмот се појавуваат уште и Сем Роквел (Џорџ Буш), Стив Карел (Доналд Рамсфелд) и Ејми Адамс (Лин Чејни), а режисер на филмот е Адам МекКеј, чиј последен филм „The Big Short“ доби многу позитивни критики и беше номиниран за Оскар.