Пристигнаа 200.000 вакцини Sinopharm во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

Двесте илјади вакцини Sinopharm пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението. Досега во државава се вакцинирани 60.000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10.000 граѓани, без да се создаваат гужви.

Remote video URL

Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро во сите градови, но дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

Сѐ се спроведува во најдобар ред, и правилно се распределуваат вакцините согласно стратегијата – најголем дел за повозрасните граѓани и еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, беше дециден вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцините „Синофарм“ беа купени во директните преговори со производителот, а во државата пристигнаа изутрина во 05:00 часот.

За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на пријавени граѓани.

Министерот смета дека овој систем ќе овозможи од вторник дневно да се вакцинираат над 10.000 граѓани, и како што потенцира, воопшто да нема никави гужви.

Досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура.

-Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу 18 проценти се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче, посочувајќи дека има сосема доволно простор за да не се прават гужви во период на вакцинирањето, и дека се чека на одредено растојание.

Тој посочи оти верува дека во текот на мај силно ќе бидат видливи апелите и кампањите за граѓаните да аплицираат за вакцинација.

Инаку, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 722 пациентa и има слободни кревети.

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 515 болни, сомнителни и потврдени за COVID-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1237 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 433 случаи на COVID-19, од направени 2.453 тестирања. Оздравени се 641 пациент, а починаа 46 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.002. Бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати 4.818, и има 15.013 активни случаи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе