Пристигнаа 250 илјади дози Pfizer како донација од Италија

Вкупно 250 илјади дози вакцина против COVID-19 од производителот Pfizer пристигнаа денеска во земјава, како прв дел од донацијата од Италија, што се реализира преку механизмот КОВАКС и УНИЦЕФ, а в осреда се очекува да пристигне и втората пратка.

Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на италијанската Влада и им порача на граѓаните дека Министерството за здравство во континуитет се грижи да имаме доволен број на вакцини.

– Министерството за здравство во континуитет се грижи за да имаме доволен број на вакцини. Вакцините се сигурни, безбедни и на сигурно место во Институт за трансфузиологија. Се знае, преносот на вакцините се прави со ладен ланец до сите пет точки коишто ни се битни во државата и оттаму секако апликацијата оди преку одредени адреси, односно точки за вакцинација, рече Сали по примопредавањето на донацијата пред Институтот за трансфузилогија.

Тој посака оваа акција од Министерството за здравство, за примање на прва, втора, но и трета доза вакцина да биде општо прифатена од страна на нашите жители, затоа што како што рече, единствениот начин за заштита против COVID-19 во моментов е вакцинацијата.

Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, информираше дека втората пратка од оваа италијанска донација ќе пристигне в среда. Како што посочи, се работи за најголема донација која една држава ја има направено на Северна Македонија.

– Оваа акција е дел од нашите стремежи, нашите заложби да им помогнеме на пријателските земји да се справат со пандемијата, но во конкретниот случај се работеше за посебно внимание кое ние го имаме кон Северна Македонија. И оваа акција се придружува на сето она што ЕУ го прави за Северна Македонија, и чија што земја-членка сме и ние Италија, рече италијанскиот амбасадор по примопредавањето на донацијата.

Тој исто така се придружи на апелот на министерот да се продолжи кампањата за вакцинација.

– Како што знаете, Италија беше земјата која најмногу од сите, прва од сите беше погодена со оваа пандемија и ја спроведе вакцинацијата. И благодарение на оваа масовна кампања за вакцинација, која ја спроведовме, успеавме да се справиме со пандемијата. Во моментов, ние успеавме да вакцинираме околу според соодветните возрасни категории, 85 до 95% од населението, додаде амбасадорот Силвестри.

Артур Ајвазов, од канцеларијата на УНИЦЕФ, се приклучи на амбасадорот и министерот со нивните пораки во апелот до населението да се вакцинира. Тој ѝ порача на целата популација да се вакцинира, укажувајќи дека вакцините се безбедни.

Ајвазов воедно упати и апел децата да продолжат со редовното вакцинирање против сите детски болести.

Тагови
реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Македонија

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе