Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од Унгарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против COVID-19, како пријателски чин на Владата на Република Унгарија.

Министерот Спасовски по предавањето на донацијата рече дека вакцините се наменети за имунизација на припадниците на Министерството за внатрешни работи, поточно за Граничната полиција, која согласно надлежностите и обврските е во поголема мерка изложена на предизвиците од актуелната глобална пандемија со COVID-19, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во име на Владата на Република Северна Македонија, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи сакам да изразам благодарност за донацијата која што денеска ја врачи министерот Петер Сијарто. Сакам да истакнам дека досега како Министерство, успеавме да организираме имунизација на над 1.500 наши припадници на полицијата, а со тој процес на имунизација ќе продолжиме и понатаму врз основа на планот што е изготвен во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за здравство. Ова е уште една можност преку ваков пријателски чин да испратиме силна порака за взаемна соработка и пријателство, посочи Спасовски.

Тој и во оваа прилика аплелираше до сите граѓани на Република Северна Македонија да пристапат кон вакцинација поради тоа што, како што истакна, само на таков начин ќе можеме до крај да се справиме со пандемијата со COVID-19 и да се вратиме во нормалното живеење, бидејќи ако самите не се грижиме за сопственото здравје, за нашето семејство, околината тогаш многу потешко ќе биде справувањето со пандемијата и ќе бидеме изложени на дополнителни рестриктивни мерки.

Министерот Спасовски при преземањето на донацијата уште еднаш изрази благодарност до Владата на Унгарија и повика на масовна вакцинација.

Тагови
реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Македонија

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Read more

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Read more

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Read more

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Читај повеќе

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Читај повеќе

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Читај повеќе

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Читај повеќе

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници

Читај повеќе

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Читај повеќе

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе