Пристигнаа екраните кои истовремено се преклопуваат и се одмотуваат

Отсекогаш сте сакале да носите огромен екран во вашиот џеб? Samsung има решение за вас.

Иако екраните на преклопување се достапни на пазарот веќе неколку години, а екраните на одмотување сѐ уште се во прототип фаза, компанијата Samsung Display веќе размислува за решенија кои ќе се најдат во идните телефони, таблети и лаптопи, а штотуку ја претстави технологија која ги комбинира претходните иновации - Flex Hybrid OLED, екран што се витка и се одмотува.

Компанијата, која оваа технологијатаќе ја прикаже во живо на настанот CES 2023, сподели слики кои покажуваат како изгледа и функционира Flex Hybrid OLED, со идеја екранот прво да се отклопи, а потоа да се одмота за да се прошири работната површина.

Samsung Display ја подели оваа технологија во две категории - Flex Slidable Solo и Flex Slidable Duet - така што, во зависност од верзијата, екранот ќе се одмотува на еден или два раба. На пример, кај екранот Solo прикажан е уред на преклоп кој со одмотување на десниот раб го проширува својот внатрешен екран од 10,5 инчи (4:3) на 12,4 инчи (16:9), а на примерот на екранот Duet, можеме да видиме како екранот од 14 инчи се проширува на 17,3 инчи.

Се разбира, не треба да очекуваме наскоро на пазарот да видиме уреди кои ги користат овие екрани, но секако ќе биде интересно да видиме каде ќе нѐ однесе оваа технологија.

На CES 2023 Samsung ќе ја дебитира и својата QD-OLED технологија на панели за телевизори и монитори, која треба да го донесе контрастот на OLED, односно осветленоста и колоритноста на QLED екраните. Очекуваните дијагонали се 34, 55, 65 и 75 инчи или 49 инчи во ултра-широк формат.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Хардвер

Најголемите заблуди за батеријата и полнењето на мобилниот телефон

Read more

Купување лаптоп: Како да одберете некој што ќе трае долго?

Read more

Redmi покажа како полни батерија од 0 до 100% за помалку од пет минути

Read more

Како да го полните телефонот за да ви трае подолго батеријата?

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе