Пристигнаа милион кинески вакцини во Србија, новинарите со приоритет во вакцинацијата

Авионот со товар од еден милион дози на кинеската вакцина Sinopharm денеска слета на белградскиот аеродром Никола Тесла, а беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој најави дека и новинарите ќе бидат вклучени во приоритетната листа за вакцинирање, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ посочи дека со овие еден милион дози ќе бидат вакцинирани половина милион луѓе.

„Во понеделник ќе пристигнат уште 19.500 дози од вакцината  на Pfizer, а во вторник уште 250.000 на вакцината Sputnik V, така што до среда ќе имаме над 1,4 милиони дози во Србија“, истакна Вучиќ.

Како што соопшти кризниот штаб, Агенцијата за лекови веќе започнала со постапката за контрола на кинеската вакцина дали ги исполнува сите стандарди, а се очекува „доколку успешно помине“, вакцинацијата да започне утре или в понеделник.

Досега ги набавивме сите вакцини врз основа на билатерални договори, посочи Вучиќ.

„Преку Ковакс, не примивме ниту една вакцина, како ни другите, ниту една вакцина, иако плативме 4,85 милиони долари котизација, дадовме уште два милиони евра. Оливер Вархеjи е добар човек и не се сомневам. Есента ќе биде за нас потешка', изјави претседателот на Србија.

Тој потврди дека со кинеската вакцина ќе биде вакциниран за една недела и дека преговара со Ковакс за вакцината AstraZeneca и дека очекува „до јуни и јули во Србија да има пет или шест вида вакцини“.

Вучиќ исто така кажа дека побарал од премиерката да ги стават новинарите на приоритетната листа и дека од понеделник и вторник, новинарите ќе можат веднаш да се вакцинираат, бидејќи работат на терен-да не ги загрозуваат нивните роднини и соговорници.

Српскиот претседател изрази загриженост за новите видови на COVID-19, што доаѓаат од Велика Британија и Јужна Африка и оти е  „страшно важно да се забрза вакцинацијата во Србија“.

Тој побара од министерот за здравство Златибор Лончар од вторник да започне вакцинирањето буквално насекаде и да ја испрати вакцината во најоддалечените делови на земјата. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе