Пристигнаа првите патници на скопскиот аеродром по 3,5 месеци, за денеска планирани 28 лета

По три и пол месеци пауза, период во кој аеродромите во држвава беа затворени за патнички летови поради кризата со COVID-19, утрово прво слетување на скопскиот аеродром имаше авионот на Turkish Airlines, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници. Авионот беше пречекан со авијацискиот поздрав за „добредојде” – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него слета и авионот на Pegasus Airlines, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.

Од ТАВ Македонија велат дека првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот аеродром Скопје следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од COVID-19.

– На првиот ден од реотворањето на Меѓународниот аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници, стои во објавата од ТАВ Македонија.

Првите летови од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се планирани за попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

На двата аеродрома се применува Протокол донесен од Комисијата за заразни болести, како што соопшти Министерството за здравство, направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.

– Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, соопшти Министерството за здравство.

Според новите мерки, во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминување, пристигнувањa и излез (Gates) и на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание.

реклама

Македонија

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Read more

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more
 

Вести

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе